Мариово 2013

24.05.2013 пристигавме во село Манастир во прекрасното Мариово.   Набргу ги поставивме шаторите, го досредивме кампот и се препуштивме на убавините на природата што не опкружуваше.  По краткото разгледување на околината и убавата вечера се повлековме да одмориме во пресрет на утрешниот ден.  25.05.2013 година мирната природа и ненавикнати на тишината што не опкружува станавме во 7 часот и ги почнавме припремите за обележување на патеката.    Во 8 часот екипата отиде да ја до обележи патеката пред да стигнат првите велосипедисти.   Околу 14ч се вративме назад во кампот каде што веќе беа пристигнати десетина возила и 50тина велосипедисти.   Како одминуваше денот бројот на велосипедисти и бројот на шатори растеше повеќе и повеќе што ветуваше одлична забава и дружење.   Ноќта стигна мошне бргу и повеќе од 100тина велосипедисти со своите 30тина шатори го започнаа ритуалот на скара и дружење.  26.05.2013 повторно станавме први и почнавме да се подготвуваме за маратонот во должина од 55км што претходниот ден го обележавме.  Почетокот на стартот беше закажан во 10ч и веќе беа пристигнати новинарските екипи, градоначалникот на општина Прилеп како и преку 300тини пријавени велосипедисти.   Рекреативното возење започна со мало задоцнување но сето тоа беше бргу заборавено откако навлеговме во самата природа.  По неколку саати возење и дружење сите успешно стигнавме назад во селото каде во манастарито не чекаше гравчето.   Се на се одлична забава, природа дружење и се разбира рекрација.  Нешто што повторно ќе го направиме следната година во Мариово.