"Добро дојдовте во светот на две тркала" беше слоганот на двајца скопјани кој беа инцијатори за формирање на првиот клуб за планински велосипедизам "OXYGEN" во Македонија.

Формиран е во далечната 1997 година од минатиот век, точно пред 16 години. Во првите години клубот имаше само натпреварувачки карактер. Бевме и инцијатори за формирање на Балканската Федерација за Планински велосипедизам (BMBF).

Членовите на OXYGEN, како репрезентативци на Македониjа, учествуваа на првото Балканско Првенство во МБ кое се одржа во Грција во близината на Атина. Во 2001-та година зедовме учество и на втората балканијада која се одржа во Романија во Полијана Брашов.

ПРВ НАТПРЕВАР ВО CC - одржан во Маврово на падините на Бистра. Од оваа временска дистанца можеби овој видеој клип изгледа малку необично, но сите почетоци со себе носат и мали недостатоци. Секако за обележување е и учеството на три девојки кои успешно го завршија натпреварувањето.

Формиран од група ентузиасти вљубеници во убавото, авантурата, одморот, здравјето, задоволството, другарувањето, атракцијата, позитивната енергија, враќање кон недопрената природа, и пред се, се разбира зголемениот адреналин ..., и сето тоа ни помага да ја осетиме убавината на природата и да го доживееме и видиме она што самата таа ни го пружа.

Oxygen како активен член на Кластерот за туризам во рамките на МСА (Macedonia Competitiveness Activity) беше активно вклучен во многу активности изминативе години од кој ќе ги изводиме промоцијата на туристичките капацитети на РМ при посета на странски делегации од Вермонт САД, во рамките на манифестацијата VERMONT OUTREACH.  Клубот зема активно учествуваше во промоција на македонските капацитети на повеќе од 25 светски тур оператори,  потоа заедно со RICHARD BANGS ADVENTURES и   YAHOO   ја промовиравме Македонија и нејзините можности за активен туризам.   Бевме водичи и учествувавме во репортажата на нанајреномираното европско списание за алтернативен туризам од Швајцарија  .  Активни членови и поддржувачи на истражете ја македонија http://www.exploringmacedonia.com .