Станете Член

 

Годишна членарина и бенифици за членовите на ПВК Оксижен


900 денари – Почетник за помали од 14години
Бенефици: маичка, бидон, емаил адреса од клубот, 10% попуст на сервис и активно учество во работата на клубот.

2500 денари – Оксижен Бајкер
Бенефиции:  маичка, бидон, 1 главен сервис (500 денари вредност), емаил адреса од клубот, ресурси за одржување на точакот алати за подмачкување/перење/пумпање итн.  Клубот покрива  40% попуст на трошокот за сите дводневни тури во Македонија организирани од клубот.



  • Клубот моментално може да обезбеди покривање на дел од трошокот за 8 дводневни тури.  Доколку постојат финансии ќе бидат покриени и останатите дводневни тури
  • Клубот обезбедува багажници за точаци , превоз на точаците и на членовите
  • Помош на пат
    (во случај да неможе да се продолжи возењето клубот организира безбеден транпорт назад на велосипедистот и велосипедот)
  • Трошокот за дводневна тура подразбира превоз и трошок за спиење
    (спиењето може да биде во планинарски дом или приватно сместување или шатор што клубот го обезбедува)
  • Просечен трошок на дводневна тура е 1200 денари. За дводневните тури една недела пред поаѓање секој член на клубот треба да депонира 500 денари износ кој на денот на поаѓање ќе му биде вратен како гаранција за покривање на патните трошоци.
  • Патувањата во странство секој член ги покрива самостојно
  • Секој член на клубот добива попуст во продавниците поддржувачи на клубот
  • За сите еднодневни/дводневни тури клубот обезбедува сервис, резервен материјал и прва помош за време на турите
  • Тие што не се членови на клубот може да учествуваат во сите активност на клубот на сопствен трошок и организација