Велосипедски тури

Авантуристичкиот туризам, е се по популарен во светот, позитивно влијае на луѓето и околината. Авантуристичкиот туризам претставува богатство на природните ресурси и одлична географска положба на земјата. Овој вид на туризам е туризам од посебен интерес и има фокус на нови облици што ги задоволуваат потребите на секој турист.

Оваа врста на туризам е спој на авантура, рекреација, опуштање и забава. Оваj туризам е популарен кај корисниците кој влегуваат во врвот на европската и светската елита., кој се презаситени од скапите хотели и гламурозните вечери и свечености , поради што им е потребен едноставен и нормален живот. Авантурисричкиот туризам, е вид на туризам од специфичен или посебен интерес и може да биде било која активност на поединецот која опфаќа физичка активност, културна размена или интеракција, контакт со природата.  Планинскиот велосипедизам или Mountain Bike (MB), е пред се забава и наша цел е Ви го претставиме како една од формите на авантуристичкиот туризам.

 Маврово - Летна Шема

Маврово под тркалата на Вашиот или Нашиот "Mountain Bike". 2003 година на падините на Бистра се одржа промоција на првите, вистински, обележани и трасирани патеки за планински велосипедизам. Тоа беше првата фаза од проектот на Ски центарот Заре Лазаревсји и Клубот за планински велосипедизам "Oxygen" од Скопје. Целта на овој проект беше развој на планинскиот велосипедизам како масовен спорт и рекреација. Беа истрасирани и обележани три патеки.

- Првата со должина од 5,400 метри
- Втората со должина од 9,400 метри
- Третата со должина од 14,400 метри


Сите три патеки почнуваа од пред Старото Бачило на крајот од едноседечницата. Надморската висина по која се одвиваат патеките е од 1600 - 1850 метри. Подлогите на патеките се променливи од земјани, травнати до макадам и асвалт.