Маврово тури примери

 

 

 


 

Маврово тура 1

Минимална група: 4
Тежина: средна
Поаѓање: Петок 18ч   Пристигнување назад во Скопје: Недела 20.30ч

Програма на тура Маврово 1:

Ден 1 (Петок)
Поаѓање од Скопје за Маврово во 18ч во петок и пристигнување во Маврово во 19.30ч.  Сместување и вечера во 21ч.  Запознавење на групата со можностите и прирордните убави на мавровскиот регион како и со активностите што ќе следат во сабота и недела.

Ден 2 (Сабота)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатуваме кон селото Никифорово а потоа кон селото Леуново.  Се движиме 10тина километри по асфалтен пат релативно рамен и кај селото Леуново се издојуваме и започнуваме да се искачуваме по земјен пат во правец кон местото викано Чавкарник.   По неколку километри возени во прекрасно зеленило и шумска флора се искачуваме на платото на планината Бистра од каде што ќе почнат да се навираат и првите стада овци со своите верни кучиња чувари.   По краткотрајна пауза продолжуваме да се движиме по живописниот предел и возиме кон бачилото кое е во центарот на местото викано Чавкарник што е на само неколку километри.   По краткотрајна пауза и запознавање со местоположбата продолжуваме во правец на земјениот пат кој води од скијачките терени на планината Бистра во правец на Лазарополе .   Искачени на повеќе од 1500м надмоска висина продолжуваме да се движиме 10тина километри низ живописниот предел на планината Бистра и пристигнуваме до второто бачило кое се наоѓа скриено зад скијачките терени викани Галичник.  По кратка пауза  продолжуваме да возиме кон центарот на скијачките терени од каде што продолжуваме кон асфалтниот пат што води од Маврово до Галичник.  Пристигнуваме во Маврово помеѓу 16ч и 17ч.  Вкупна предвидени км извозени 50-55км.
Одмор или запознавање и посета на одредени локални места до 19.30ч.  Вечера во 19.30ч и запознавање на групата со активностите за наредниот ден како и запознавање со импресиите од поминатиот ден.

Ден 3 (Недела)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатувам кон Мавров Анови.  Возиме 10тина километри по рамен асфалтиран пат и кај Мавров Анови започнуваме да се искачуваме кон местото Врбен.  Патот е дел асфалт дел земјен.  По неколку километри извозени нагоре конечно стигнуваме до Врбен.  По направена мала пауза се упатуваме кон местата Богдево и Кракорница.  Се движиме по земјен пат 20тина километри по земјен пат низ прекрасна природа и прекрасен поглед и стивнуваме до место Ничпур.  По направената пауза продолжуваме во правец кон местата Волковија и Трница.  По краткотрајната пауза и пробување на локалните специјалитет со нови сили продолжуваме кон Маврово Анови и локацијата  која беше почетокот на нашата авантура.  Вкупно предвидени километри 70км.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 18ч. 

Пристигнување во Скопје во 20.30ч

 

Маврово тура 2

Минимална група: 4
Тежина: средна
Поаѓање: Петок 18ч   Пристигнување назад во Скопје: Недела 20.30ч

Програма на тура Маврово 2:

Ден 1 (Петок)
Поаѓање од Скопје за Маврово во 18ч во петок и пристигнување во Маврово во 19.30ч.  Сместување и вечера во 21ч.  Запознавење на групата со можностите и прирордните убави на мавровскиот регион како и со активностите што ќе следат во сабота и недела.

Ден 2 (Сабота)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатуваме кон селото Никифорово а потоа кон селото Леуново.  Возиме покрај прекрасното вештачко езеро и националниот парк и по 20тина километри релативно лесен асфалтиран пат пристигнуваме од другата страна на мавровското езеро во местото Мавров Анови од каде што започнуваме да се искачуваме кон местото Врбен.  Патот е дел асфалт дел земјен.  По неколку километри извозени нагоре конечно стигнуваме до Врбен.  По направена мала пауза се упатуваме кон предавателот.   Прекрасниот поглед и живописната природа зборуваат сами за себе и по направената пауза тргнуваме назад кон Мавров Анови од каде што ќе продолжиме по асфалтираниот пат до нашата почетна дестинација. Вкупно предвидени километри извозени 55км.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 19.30ч и запознавање на групата со активностите за наредниот ден како и запознавање со импресиите од поминатиот ден.

Ден 3 (Недела)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат 20тина километри во прекрасната природа и пејсажи се упатуваме кон селото Галичник.  По пристугнувањето во Галичник правиме кратка посета на двете локални цркви како и правиме кратка обиколка на местото.   Од таму се упатуваме кон скијачките патеки на планината Бистра и возиме низ маркираните патеки за планински велосипедизам.    Го посетуваме и местото викано Чавкарник старото и новото бачило , бачилата позади скијачките терени Галичник и по прекрасниот ден и извозени 50тина километри се враќаме назад во Маврово.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 18ч.

Пристигнување во Скопје во 20.30ч