Јасен

Јасен е заштитен природен резерват кој ги опфаќа планините Караџица и Сува Гора и целиот кањон на реката Треска. Територијата на Јасен нуди големи можности и прекрасни патеки за планинскиот велосипедизам. Патеките поминуваат низ густи шуми, па се до прекрасни просторни простори во близина на самото вештачко езеро на Козјак. Со едн збор прекрасни услови за АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ.

Во самиот резерват -трасирани се и обележани 4 патеки за љубителите на планинскиот и авантуристиќкиот туризам со вкупна должина од близу 80 километри.

Сите патеки се мерени со GARMIN GPS уред, потоа податоците се обработени и се добиваат движечки клипови со 3D конфигурација на теренот на секоја измерена и обработена патека.Сите се кружни и почнуваат и завршуваат на едно исто место на Кула, на надморска висолина од 1117 метри. Патека каде адреналинот се искачува на највисоко ниво е и најкратка. Тоа е патеката број 2 "Урнат камен".

Патека ЦРВЕНА КАРПА

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 20км.
  • Висинска разлика 332м.

 

 

 

 

Патека УРНАТ КАМЕН

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 6км.
  • Висинска разлика 250м.

 

 

 

 

Патека ОРЛОВ КАМЕН

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 29.5км.
  • Висинска разлика 710м.

 

 

 

 

Патека ИЗВОР

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 21км.
  • Висинска разлика 348м.
  • Тежина 7