• Оксижен тим

    Оксижен натпреварувачи 

     

     

     

     

      

     

  • Рафтинг Тара

    Една стара латинска поговорка гласи:

    "Во животот се трба да се проба", па тука се вбројува и оваа авантура, која влегува во ТОП-10 работи што морате да ги пробат.

    ПОВЕЌЕ ЗА РАФТИНГ

     

     

  • Езеро Гарда - Bike festival

  • ПВК Оксижен

    ПВК Оксижен претставува здружение на граѓани формирано во 1997 година и кое се залага за развој на спортот, рекреацијата и  алтернативниот туризам во Република Македонија.  

    ПОВЕЌЕ ЗА НАС




  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

  • Balkan Bike Festival 19-21 Sept 2014 +

    Се одржа првиот Балкан Бајк Фестивал од 19 до 21 Септември 2014 годин во организација на МТБ Оксижен.  За повеќе Read More
  • Tour the lake Ohrid 2013 +

    Tour the lake Ohrid 2013 Како и секоја година учествувавме повторно на рекративната тура тур де лејк Охрид.  Иако малку здодевна тура со оглед на Read More
  • Маврово 2013 +

    Маврово 2013 Традиционално маратонот во Маврово кој го започнавме уште пред 15тина години беше посетен од 300титини велосипедисти.  Повеќе бевме дојдени за Read More
  • 1
  • 2

Неколку совети за рафтинг

- Одлучете се за рафтинг авантура само ако знаете да пливате и ако сте во просечна психовизичка кондиција.
- И поред тоа што рафтингор не зависи од временските прилики, кога времето и водата се ладни самата рафтинг тура добива еден степен повисока вредност

- Место скап фотоапарат земете апарат за еднократна употреба и отпорен на вода.
- За време на рафтингот почитувајте ги упатствата на скиперот.

Рафтинг - Тара

Рафтинг на Тара е прикаска сама за себе, во исто време тоа е авантура одмор и исконска вредност на убавата природа. Рафтинг како рафтинг временски никогаш нетрае исто, и зависи од временскиот период т.е од нивото и брзината на реката. Во месец мај кога нивото на водата е најголемо, спустот трае оклу еден час додека во август и септември 3-4 часа. .

СЛОГАН

НИШТО НЕМОЖИ ДА СЕ ПОВТОРИ ДВА ПАТИ - бидејки водостојот на реката постојано варира. Секој РАФТИНГ е дијаметрал-но различен од секој претходен.

Во зависност од водостојот рафтингот можи да се подели во повеке етапи:

- Екстремен - висок водостој (април, октомври ноември)

- Адреналински - (мај, јуни)

- Туристички - рафтинг за добра аван-тура (јули, август, септември}

- Зимски - за оние со добра здравствена и физичка подготве-ност (јануари, февру-ари и март)

qq

 

 

 

 

 Rocky Mountain BIKE Maraton


Повеке од 2000 учесници се најдоа на стартот на Roky Mountain Bike маратонот на Езеро Гарда во Трентино.
Истовремено ова е и почеток на најголемата МБ маратонска серија. МБ маратонската серија се состои од пет МБ маратони на различни локалитети. По Трентино следуваат маратоните во Вилингем. потоа во Чешката Републока, па во Швајцарија и на крајот завршува со маратонот во Австралија, во почетокот на месец Август.Во текот на четирите дена, колку трае фестивалот, ке се претстават 130 производители со над 200 бренда претставени со сполн спектар од областа на велосипедизмот

 

Јасен е заштитен природен резерват кој ги опфаќа планините Караџица и Сува Гора и целиот кањон на реката Треска. Територијата на Јасен нуди големи можности и прекрасни патеки за планинскиот велосипедизам. Патеките поминуваат низ густи шуми, па се до прекрасни просторни простори во близина на самото вештачко езеро на Козјак. Со едн збор прекрасни услови за АВАНТУРИСТИЧКИ ТУРИЗАМ.

Во самиот резерват -трасирани се и обележани 4 патеки за љубителите на планинскиот и авантуристиќкиот туризам со вкупна должина од близу 80 километри.

Сите патеки се мерени со GARMIN GPS уред, потоа податоците се обработени и се добиваат движечки клипови со 3D конфигурација на теренот на секоја измерена и обработена патека.Сите се кружни и почнуваат и завршуваат на едно исто место на Кула, на надморска висолина од 1117 метри. Патека каде адреналинот се искачува на највисоко ниво е и најкратка. Тоа е патеката број 2 "Урнат камен".

Патека ЦРВЕНА КАРПА

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 20км.
  • Висинска разлика 332м.

 

 

 

 

Патека УРНАТ КАМЕН

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 6км.
  • Висинска разлика 250м.

 

 

 

 

Патека ОРЛОВ КАМЕН

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 29.5км.
  • Висинска разлика 710м.

 

 

 

 

Патека ИЗВОР

  • Кружна патека
  • Старт Кула 1117м.
  • Должина 21км.
  • Висинска разлика 348м.
  • Тежина 7

 

 

 


 

Маврово тура 1

Минимална група: 4
Тежина: средна
Поаѓање: Петок 18ч   Пристигнување назад во Скопје: Недела 20.30ч

Програма на тура Маврово 1:

Ден 1 (Петок)
Поаѓање од Скопје за Маврово во 18ч во петок и пристигнување во Маврово во 19.30ч.  Сместување и вечера во 21ч.  Запознавење на групата со можностите и прирордните убави на мавровскиот регион како и со активностите што ќе следат во сабота и недела.

Ден 2 (Сабота)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатуваме кон селото Никифорово а потоа кон селото Леуново.  Се движиме 10тина километри по асфалтен пат релативно рамен и кај селото Леуново се издојуваме и започнуваме да се искачуваме по земјен пат во правец кон местото викано Чавкарник.   По неколку километри возени во прекрасно зеленило и шумска флора се искачуваме на платото на планината Бистра од каде што ќе почнат да се навираат и првите стада овци со своите верни кучиња чувари.   По краткотрајна пауза продолжуваме да се движиме по живописниот предел и возиме кон бачилото кое е во центарот на местото викано Чавкарник што е на само неколку километри.   По краткотрајна пауза и запознавање со местоположбата продолжуваме во правец на земјениот пат кој води од скијачките терени на планината Бистра во правец на Лазарополе .   Искачени на повеќе од 1500м надмоска висина продолжуваме да се движиме 10тина километри низ живописниот предел на планината Бистра и пристигнуваме до второто бачило кое се наоѓа скриено зад скијачките терени викани Галичник.  По кратка пауза  продолжуваме да возиме кон центарот на скијачките терени од каде што продолжуваме кон асфалтниот пат што води од Маврово до Галичник.  Пристигнуваме во Маврово помеѓу 16ч и 17ч.  Вкупна предвидени км извозени 50-55км.
Одмор или запознавање и посета на одредени локални места до 19.30ч.  Вечера во 19.30ч и запознавање на групата со активностите за наредниот ден како и запознавање со импресиите од поминатиот ден.

Ден 3 (Недела)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатувам кон Мавров Анови.  Возиме 10тина километри по рамен асфалтиран пат и кај Мавров Анови започнуваме да се искачуваме кон местото Врбен.  Патот е дел асфалт дел земјен.  По неколку километри извозени нагоре конечно стигнуваме до Врбен.  По направена мала пауза се упатуваме кон местата Богдево и Кракорница.  Се движиме по земјен пат 20тина километри по земјен пат низ прекрасна природа и прекрасен поглед и стивнуваме до место Ничпур.  По направената пауза продолжуваме во правец кон местата Волковија и Трница.  По краткотрајната пауза и пробување на локалните специјалитет со нови сили продолжуваме кон Маврово Анови и локацијата  која беше почетокот на нашата авантура.  Вкупно предвидени километри 70км.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 18ч. 

Пристигнување во Скопје во 20.30ч

 

Маврово тура 2

Минимална група: 4
Тежина: средна
Поаѓање: Петок 18ч   Пристигнување назад во Скопје: Недела 20.30ч

Програма на тура Маврово 2:

Ден 1 (Петок)
Поаѓање од Скопје за Маврово во 18ч во петок и пристигнување во Маврово во 19.30ч.  Сместување и вечера во 21ч.  Запознавење на групата со можностите и прирордните убави на мавровскиот регион како и со активностите што ќе следат во сабота и недела.

Ден 2 (Сабота)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат во прекрасната природа се упатуваме кон селото Никифорово а потоа кон селото Леуново.  Возиме покрај прекрасното вештачко езеро и националниот парк и по 20тина километри релативно лесен асфалтиран пат пристигнуваме од другата страна на мавровското езеро во местото Мавров Анови од каде што започнуваме да се искачуваме кон местото Врбен.  Патот е дел асфалт дел земјен.  По неколку километри извозени нагоре конечно стигнуваме до Врбен.  По направена мала пауза се упатуваме кон предавателот.   Прекрасниот поглед и живописната природа зборуваат сами за себе и по направената пауза тргнуваме назад кон Мавров Анови од каде што ќе продолжиме по асфалтираниот пат до нашата почетна дестинација. Вкупно предвидени километри извозени 55км.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 19.30ч и запознавање на групата со активностите за наредниот ден како и запознавање со импресиите од поминатиот ден.

Ден 3 (Недела)

Поаѓање од паркингот пред хотел Бистра во 8часот и по асфалтниот пат 20тина километри во прекрасната природа и пејсажи се упатуваме кон селото Галичник.  По пристугнувањето во Галичник правиме кратка посета на двете локални цркви како и правиме кратка обиколка на местото.   Од таму се упатуваме кон скијачките патеки на планината Бистра и возиме низ маркираните патеки за планински велосипедизам.    Го посетуваме и местото викано Чавкарник старото и новото бачило , бачилата позади скијачките терени Галичник и по прекрасниот ден и извозени 50тина километри се враќаме назад во Маврово.  Пристигнување назад околу 17ч.   Слободни активности и вечера во 18ч.

Пристигнување во Скопје во 20.30ч 

Овој сајт е наменет на сите вљубеници во исконската убавина на природата кои го сакаат планинскиот велосипедизам и авантурата како и на сите луѓе кои и денес во овие модерни времиња и понатаму го носат во себе оној веке помалку заборавен но и добро препознатлив ген и дух за авантура. Ако сакате авантура и имате потреба да посетите некоја нова поинаква убавина, тука сме ние членовите на клубот за планински велосипедизам.