Tour the lake Ohrid 2013

Како и секоја година учествувавме повторно на рекративната тура тур де лејк Охрид.  Иако малку здодевна тура со оглед на тоа дека се вози по асфалт 100км сепак убавиот пејсаж, посетата на албанскиот дел од охридското езеро и се разбира другарувањето со членовите на клубот Екодром организатори на овој настан не тера да секоја година учествуваме на овој маратон.  Во добра организација и опуштено возење со повеќе застанувања сите успешно ги поминавме километрите околу охрдиското езеро за да на крај оправдано бевме наградени од страна на домаќините.  Убавото време итишината на охридското езеро допринесоа да возењето биде прекрасно.   За жал оваа година го испуштивме возењето на НП Галичица но сепак секоја посета на Охрид и неговата околина не остава задоволени во нашите желби за што повеќе поминување во природата.

Маврово 2013

Традиционално маратонот во Маврово кој го започнавме уште пред 15тина години беше посетен од 300титини велосипедисти.  Повеќе бевме дојдени за рекреативно возење и дружење и го возевме маратонот во должина од 50тина километри но имаше и некој од нас што го возеа и големиот маратон кој беше доста исцрпувачки и долг околу 95км.   На гости ни беа и членовите на клубот Свендано од Грција со кој покрај малите проблеми со колата дружењето ни помина во одлична атмосфера.   Денот прекрасен сончево топло без многу гужва си поминавме прекрасно покрај убавото мавровско езеро и на преубавите падини на планината Бистра.   За среќа овој пат бачилата беа празни и немаше овчарски кучиња.  Задоволни сите што стигнаа на целта како и оние кој решија да одморат и да не се брзаат по планитите и околните села.   Во организација на општината Маврово и Ростуше и ВК Енерџи на учесниците кој стигнаа во нормално време на целта им беше поделен ручек.

Мариово 2013

24.05.2013 пристигавме во село Манастир во прекрасното Мариово.   Набргу ги поставивме шаторите, го досредивме кампот и се препуштивме на убавините на природата што не опкружуваше.  По краткото разгледување на околината и убавата вечера се повлековме да одмориме во пресрет на утрешниот ден.  25.05.2013 година мирната природа и ненавикнати на тишината што не опкружува станавме во 7 часот и ги почнавме припремите за обележување на патеката.    Во 8 часот екипата отиде да ја до обележи патеката пред да стигнат првите велосипедисти.   Околу 14ч се вративме назад во кампот каде што веќе беа пристигнати десетина возила и 50тина велосипедисти.   Како одминуваше денот бројот на велосипедисти и бројот на шатори растеше повеќе и повеќе што ветуваше одлична забава и дружење.   Ноќта стигна мошне бргу и повеќе од 100тина велосипедисти со своите 30тина шатори го започнаа ритуалот на скара и дружење.  26.05.2013 повторно станавме први и почнавме да се подготвуваме за маратонот во должина од 55км што претходниот ден го обележавме.  Почетокот на стартот беше закажан во 10ч и веќе беа пристигнати новинарските екипи, градоначалникот на општина Прилеп како и преку 300тини пријавени велосипедисти.   Рекреативното возење започна со мало задоцнување но сето тоа беше бргу заборавено откако навлеговме во самата природа.  По неколку саати возење и дружење сите успешно стигнавме назад во селото каде во манастарито не чекаше гравчето.   Се на се одлична забава, природа дружење и се разбира рекрација.  Нешто што повторно ќе го направиме следната година во Мариово.

Повеќе артикли...

  1. Yahoo adventures